„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Доделени нови решенија за легализација во општина Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Денеска во салата за состаноци на Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ подели 10 решенија за утврдување правен статус на бесправни објекти на 10 семејства кои живеат во социјален ризик и со години не можеле да ги легализираат сопствените домови поради претходните законски регулативи.

— реклама —

Во периодот од месец март 2011 до ноември оваа година, поднесени се вкупно 7.064 барања, согласно Законот за постапување за бесправно изградени објекти во сите четири предвидени рокови. Врз основа на доставените барања до Општина Центар, позитивно се решени 4.100 барања, додека, дел од останатите барања се одбиени поради некоплетно доставена документација во предвидениот законски рок, а дел се во постапка поради судски спорови или нерешени имотно-правни односи од страна на самите баратели за легализација на бесправните објекти.

„Им честитам на граѓаните кои успешно ги завршија постапките за легализација на своите домови и конечно после долги години се стекнаа со правото на сопственост. Општина Центар останува отворена за центарци и партнер на граѓаните во решавање на нивните проблеми и заеднично креирање на општина по мерка на граѓаните“ – изјави градоначалникот.

— реклама —

Легализираните објекти се наоѓаат на повеќе локации на територијата на Општина Центар. Одобрените решенија за утврдување правен статус на бесправни објекти добија граѓани кои живеат во населбите: Кале, Маџир маало, Ново маало, Пролет и Дебар маало.

Поради пандемијата со КОВИД – 19 и почитување на новите превентивни мерки од страна на надлежните институции, одобрените решенија ќе бидат поделени етапно и во повеќе групи, поради безбедност на граѓаните од новонастаната ситуација со коронавирусот и зголемениот број на заразени лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања