Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Доделени признанија на најуспешните основци и средношколци во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

ОО
media-librarye6rml7ek4pvidGwNx7G

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Како дел од свечената програма за чествување на  24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, претпладнево пред споменикот на Кирил и Методиј на Охридскиот кеј се одржа пригоден настан на кој беа доделени признанија на охридските ученици, кои оствариле високи резултати на државни и регионални натпревари.
‎
Пред бројните ученици, родители, наставници и делегации, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.

IMG_3972– На ова уникатно место, покрај нашето прекрасно езеро, каде што историјата, верата и просветителството со векови оставаат неизбришлива трага, имаме привилегија да одбележуваме еден од најсветлите датуми во македонската и словенската историја, празникот посветен на Светите браќа Кирил и Методиј.

‎Со својата просветителска и духовна мисија, овие наши апостоли не оставија зад себе само букви, тие ни оставија непроценливо цивилизациско наследство. Му дадоа глас на словенскиот народ и можност да учи, да создава и да се препознава себеси преку својот јазик и својата култура. Нивното дело е темел на Македонскиот идентитет, но и наша трајна обврска, да го чуваме знаењето, да вложуваме во образованието и да ги поддржуваме младите генерации. А токму денес, овде, пред споменикот на светите браќа, најголемата чест им ја оддаваме на охридските ученици, кои со својот труд и успех покажуваат дека Охрид и понатаму живее како центар на писменоста и знаењето.

‎Драги деца,
‎Вашите награди не се само лични успеси. Тие се гордост за нашиот град, за вашите семејства и за сите нас. Зад секој ваш успех стојат посветеност, труд и верба во сопствените можности. Денес, гледајќи ве тука, во толку голем број, сигурен сум дека духот на просветителството продолжува да расте.
‎Вие сте една нова генерација, која треба да ја носи иднината на Охрид и Македонија. Генерација која треба да знае дека вистинските вредности не се минливи и дека знаењето е најсилната моќ што еден човек може да ја поседува.
‎Како градоначалник, чувствувам особена чест што денес имам можност лично да ви честитам и да ви посакам да продолжите да верувате во себе, во своите квалитети и таленти.
‎Почитувани, поради името кое го носам, за мене овој празник секогаш предизвикува силни емоции и искрено се радувам што и оваа година имам можност да ги поделам овие убави чувства заедно со Вас!

‎Ви посакувам да бидете здрави и среќни и да остварите уште многу значајни успеси во иднина! Нека продолжи да живее делото на Светите Кирил и Методиј! Нека ни е честит и вековит 24-ти Мај!, истакна Пецаков во своето обраќање.

‎На настанот, беа доделени околу 380 признанија на ученици од сите основни и средни училишта од Општина Охрид кои освоиле 1-во,2-ро,3-то место на официјални натпревари, по повеќе наставни предмети.
‎
‎Во рамки на чествувањата по повод празникот во ЦК „Кирил и Методиј“ во населба Кошишта се одржа панихида и  фолклорен концерт, а на плоштадот Свети Климент Охридски се одржа Фестивалот за поезија за деца „Стихувалки“.

IMG_3982

IMG_3983

— реклама —

IMG_3984

IMG_3985

IMG_3986

IMG_3987

IMG_3988

— реклама —

IMG_3989

IMG_3990

IMG_3991

IMG_3992

IMG_3993

IMG_3995

— реклама —

IMG_3996

IMG_3997

IMG_3998

IMG_3999

IMG_4077

— реклама —

IMG_4078

IMG_4079

IMG_4080

IMG_4081

IMG_4197

IMG_4198

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Физички напад во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryieiifrbnci9b2DoVXzS

ЈП „Охридски Комуналец“ ги подготвува цветните леи за есенско-зимската сезона

ОО | пред 2 седмици

media-librarybmmhk23aqoro5LkPDPu

Перчо Божиновски: Младите охриѓани со три проекти ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум

ОО | пред 2 седмици

markica

Се одржа седумнаесеттата седница на Градскиот совет

ОО | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања