„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Доделување на наградите на 9.Мобил фестивал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
poster

Со доделување на наградите на најдобрите филмови снимени со мобилен телефон, утре (24 ноември) во 17 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде затворен 9. „Мобил фестивал“. Ќе бидат доделени наградите за најдобрите филмови во македонска и во меѓународна селекција. Авторот на најдобриот филм ќе добие стипендија од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје.

— реклама —

Од вкупно 750 пријавени филмови од автори од цел свет, тричлено жири ја направи селекцијата на десетина филмови што ќе бидат прикажани, а ги избраа и најдобрите наслови во четири категории.

— реклама —

Филмовите ги оценуваа: Весна Ристовска, режисер, Сашо Павловски, режисер, продуцент и Гораст Цветковски, актер.

— реклама —

Ќе бидат доделени наградите во следните категории: награда за најдобар филм „Ратка Илиевска- Лале“, награда за најинвентивен филм, награда за најоригинална приказна и награда за најдобра идеја.

Под мотото „Сонувај многу, почни од малку“ (Dream big, start small), во изминатите два месеца добивме интересни филмови од цел свет, како и од Македонија. Ги охрабруваме авторите да создаваат филмови и видеа со мобилен телефон и да ни ги испратат и за јубилејното 10.издание на фестивалот.

Во рамките на фестивалот беа прикажани два играни филма „Планинско чудо“ и „Помош, ја смалив учителката“, а се одржа и работилница за изработка на филмови со мобилен.

Фестивалот го организира продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и медиа“ од Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања