Промени тема
Контакт

Додик: Нема скриено руско влијание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 години -

Свет

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека нема „скриено руско влијание“ во соработката на Република Српска со Русија. Тој вели дека Република Српска е подготвена за соработка со сите држави во регионот и пошироко кои тоа го сакаат, но не сака да се одвои од пријатели како што е Русија и се гордее со таа соработка, пренесуваат „Независнe новинe“.

Додик потенцира оти не е добро секој вид на соработка на РС и Русија да се прикажува „на малиген начин со цел да се спречи руското влијание на тој простор“.

— реклама —

– Тоа се глупости кои треба да се отфрлат, бидејќи не смееме да бидеме заморче на еден политички пристап, кој зборува дека соработката во областите здравство, култура и економија може да бидат нешто друго, освен за добробит на тие кои во тоа учествуваат, вели Додик, истакнувајќи дека Русија е „ несомнено пријател на РС“.

— реклама —

Во текот на обраќањето на форумот за стратешки дијалог за соработка меѓу Санкт Петербург и РС, на кој присуствува гувернерот на тој град Георгиј Полтавченко, Додик рече дека рускиот став кон БиХ не е навивачки за една страна, туку принципиелен во поддршката на Дејтонскиот договор.

— реклама —

Полтавченко зборуваше за досегашната и за можностите за идна економска соработка со РС.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања