Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Доењето - најдобар начин за исхрана на доенчињата и основа за добро здравје и во адултната возраст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
bebe-se-doi

Во пресрет на Светската недела на доење, што традиционално се одбележува од 1-7 август, претседателката на поткомитетот за промоција, заштита и поддршка на доењето, д-р Мими Кимовска Христова, информираше за активностите на поткомитетот, со цел потенцирање на важноста на доењето од медицински и општествен аспект.

— реклама —

- Оваа година, мотото на Светската асоцијација за доење (WABA) е „Поддршка на родителите за да се одржи доењето“ (Support parents-enable breastfeeding), со што се потенцира потребата од давање поддршка на семејствата и мајките да го одржат доењето, како и од сите чинители во општеството. Со цел доењето биде успешно, на мајките им е потребна континуирана поддршка во сите фази од мајчинството, почнувајќи од претконцепцискиот период, во текот на бременоста и особено по породувањето, вклучително и на работното место. Токму заради важноста на оваа тема, не само за неделата на доење, туку и во тек на овој месец, па и оваа година ставаме силен фокус и за таа цел во периодот што следува ќе се организираат гостувања на стручни експерти од областа на доење на националните медиуми. Исто така, е планирана и сеопфатна кампања со пораки за важноста и бенефитите на доењето - од членови на покомитетот, реномирани лекари, педијатри, гинеколози, во текот на август, кога се одбележува неделата на доење, а истовремено кон средината на месец август ќе се одржи тркалезна маса во која ќе бидат вклучени повеќе чинители и тоа Министерството за здравство, претседателот на поткомитетот за доење и негови членови, претставници од УНИЦЕФ, граѓански здруженија и стручната јавност, информираше д-р Кимовска Христова.

— реклама —

Д-р Кимовска Христова потсети дека доењето е еден од најважните начини за унапредување и чување на здравјето. Тоа е најдобриот начин на исхрана на доенчињата, ја поставува основата за добро здравје не само во периодот на детството, туку и во адултната возраст, воедно носи и голем број бенефити за мајките и за општеството во целост придонесувајќи кон остварување на сите 17 цели за одржлив развој на ОН. Во согласност со препораките на Светската здравствена организација (СЗО) доењето треба да е екслузивно во првите 6 месеци од животот, да трае до 2 години и подолго, паралелно со воведување други видови храна по 6-от месец.

Досега се имплементирани голем дел од препораките на Светската здравствена организација, кои имаат за цел да го промовираат и заштитат доењето и тоа: имплементација на иницијативата „Болници пријателки на бебињата“ , формиран е национален комитет за доење, постојната легислатива е прилагодена во насока на имплементација на меѓународниот код за забрана на рекламирање на замената на мајчиното млеко, како и во однос на траење на породилното отсуство и правото на вработените мајки на доење.

— реклама —

Континуирано, преку Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата се спроведуваат активности, кои имаат за цел промоција и заштита на доењето, како и обуки на здравствените работници, одбележување на светската недела на доење, изготвување информативни материјали за мајките итн.

— реклама —

Патронажната служба и превентивните советувалишта во здравствените домови, со тим од лекар и сестра се постојано на располагање во давањето стручна помош за справување со сите предизвици поврзани со доењето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања