Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Договорени конкретни активности за унапредување на економската и трговската соработка со Египет во областа на земјоделство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
55851218_371450383696831_5087052431812984832_n

Министерот за земјоделство , шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со државниот советник за меѓународна соработка на Министерството за економија, Билјана Додевска, вршителот на должност амбасадор од Република Македонија во Египет, Зуко Ризвански и раководителот на секторот за рурален развој во МЗШВ, Трајан Димковски,  денеска во Каиро, Египет, имаа работен состанокот со министерот за земјоделство на Египет Ezz El-Din Omar Abu Steit. На состанокот се разговараше за  унапредување на трговската размена, за потенцијалните производи кои од Република Северна Македонија може да се извезуваат во Египет, како и за иницијативата за намалување на увозните тарифи. Министерот Николовски ја истакна подготвеноста од страна на Владата на РСМ пред неговиот колега министер да се склучи преференцијален договор кој што ќе биде основа за продлабочување на трговијата помеѓу двете држави.

— реклама —

Една од темите беше примена на Протоколот за соработка во областа на земјоделството со Египет и почетокот со работа на работните групи од двете земји согласно одредбите од Протоколот. Од страна египетскиот министер за земјоделство беа назначени лица кои ќе бидат членови на работната група, а од МЗШВ до Египет ќе бидат испратени имиња на членови од Република Северна Македонија. Исто така од страна на МЗШВ до Египет ќе биде испратен пополнет Прашалник за анализа на ризик при увоз на јаболка од РСМ во Египет, од аспект на употреба на заштитни средства. Во делот на увозната царинска давачка од 40 отсто за увоз на јаболка, двајцата министри се договорија министерството за трговија и индустрија на Египет и Министерството за економија на РСМ, да воспостават комуникација. Инаку Република Северна Македонија во  Египет најмногу извезува  јаболка, праски, тутун и месо. Во 2018 година извозот кон Египет бил во вредност од близу 6 милиони евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања