Договорот со Бугарија е коренот на сите проблеми за Македонија, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
1-5

Антимакедонската СДС да не се плаши од народот и да прифати Референдум. А, со Референдумот и предвремени парламентарни и претседателски избори, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија е коренот на сите проблеми и затоа е потребен Референдум и мобилизација на народот против него. Не може само Македонија да презема обврски, а Бугарија да условува.

— реклама —

Договорот со Бугарија кој го потпиша Заев, а го продолжи Ковачевски е отровното дрво кое раѓа отровни плодови, а последиците од таквиот договор ги гледаме денес. Овој договор со Бугарија е основата за негација на македонскиот јазик, идентитет и историја.

— реклама —

Затоа, само Референдумот е можност народот да излезе и да го каже својот став, а според истражувањата над 60% од Македонците би го подржале Референдумот.

Антимакедонската СДС треба во најмала рака да ја подржи иницијативата и да дозволи да се слушне волјата на граѓаните, но тие бегаат од Референдум затоа што знаат дека народот е против нив и против нивните погубни политики од кои само Македонија губи“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања