Доколку најуспешните фирми дадат само 1% од својата добивка, ќе се реши проблемот со бездомните кучиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
kucinja-bezdomnici_1

Млад скопјанец на социјалните мрежи објави предлог за хумано решавање на проблемот со бездомните кучиња, но и ќе се соберат средства за лекување на лицата со ретки болести.

— реклама —

„1% од добивката на најуспешните 20-30 фирми во Македонија, да оди за решавање на проблемот со кучиња и нивна стерилизација, за лекување на луѓето со ретки болести и за оние кои имаат потреба од хитни операции ‼️‼️

— реклама —

Не сум љубител на пишување статуси на фејсбук. ️Ова е мој прв статус напишан за 13 години. Но овојпат чувствував потреба и Искрено се надевам дека, овој предлог ќе допре до владата, бидејќи со истиот трајно ќе се реши проблемот со многу теми во нашето општество.

— реклама —

Ситуацијата е многу сериозна, бидејќи се поголем е бројот на кучиња на улиците, а начинот на тоа, како поединци или институции се справуваат, ни малку не е хумана.

Постојано со години сме сведоци дека се клеветaт, според мене неправедно, Лајка, Анима мунди, а често на критика од сограѓани, сме и сите ние како поединци или група (кои помагаме на милениците, донираме итн).Цитирам "ако ви е жал земете си ги дома"

И Се ќе беше тоа во ред, ако некој како поединец можеше да ја реши ситуацијата.

Имам донирано безброј пати и за луѓе, и за животни. Познавам и поединци кои многу повеќе се ангажирале. Но свесен сум бил дека кога ќе донирам сум решавал само, илјадити дел од проблемот.

Затоа е потребно, ова да се регулира на повисоко ниво и веќе никогаш и никој да не бара донации, особено не за кучиња и не за оние лица кога животот им е во опасност и имаат потреба од операција, а немааат средства да си ја дозволат истата.

За жал, финансиите со кои располагаат Лајка, не се нималку доволни да се реши ситуацијата.

Анима Мунди колку што знам, се организација формирана од љубители и ситуацијата со финансии е веројатно и уште полоша.

Поединец или група, неможат исто сами трајно да го решат проблемот.

Макпетрол, Окта, Цементарница Усје се само дел од фирмите кои прават големи профити,

Само Makpetrol Mk има приходи од 1 милион евра дневно и раст од 290% на добивката за една година. Да не ги збориме штетните ефекти кои OKТА, Цементарница Усје и голем дел од тие 30 фирми ги имаат за животната средина. Крајно време е да се одолжат и да придонесат нешто за општеството.

Доколку најуспешните 20-30 фирми дадат само 1% од својата добивка, (внимание од добивката, а не од приходите) тоа ќе биде доволно да има за стерилизации, да се намали агресивноста на уличните кучиња, за нивно лекување и храна, но и за хитни операции на луѓе во странство, за лекување на луѓе со ретки болести итн. Средствата ќе се распределат на Лајка, Анима мунди,но пред се кај ветеринарите, бидејќи голем дел од нив тоа го заслужуваат.

Во прилог се добивките на најуспешните 20 фирми. Ве молам споделете“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања