„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Доктор Даниловски контра доктор Митрев: Луѓе кои се лаици за епидемиологија, немаат право да шекулираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
dragan-danilovski-1

Епидемиологот и поранешен министер за здравство, доктор Драган Даниловски, во изјава и опширно излагање за Мета, ги поби советите на врвниот кардиохирург доктор Жан Митрев, меѓу кои и оној, како превенција од коронавирусот да се прават инхалации.

— реклама —

Како што неодамна изјави министерот за здравство, Венко Филипче, доктор Даниловски е стручно лице од областа на епидемиологијата, со кого што министерот се консултира во ситуацијата со коронавирусот. Како што објави Мета, Даниловски повикал на сериозност во ова време кое човештвото за првпат го живее.

– Се наоѓаме во еден страшен предизвик. Ние буквално се наоѓаме во т.н. воена состојба, во која не смееме да направине ниедна грешка. Најмала грешка може да не` чини судбина на цел народ. Можеме да се соочиме со италијанско или шпанско сценарио, а внимавајте, тоа се држави и системи кои се далеку помоќни од една наша мала Македонија. Ние немаме право да згрешиме. Ние мораме да бидеме дисциплинирани како никој на планетава. Зборувам за опстанок, зборувам за геноцидни случувања во непосредна иднина. Затоа, од луѓе кои се лаици за епидемиологија, независно во чие име и презиме се персонифицирани, ќе кажам дека немаат право да шекулираат, злоупотребувајќи ја несреќата на народот. А граѓаните, апелирам да отворат четири очи кога некого слушаат – изјавува Даниловски за Мета.

— реклама —

Според Даниловски, луѓето треба да го прават единствено она што го препорачува Светската здравствена организација (СЗО) – само она што се вика социјална дистанца, оддалечување едни од други, несобирање во групи, изолирање, посебно сега, кога најновите сознанија укажуваат на тоа дека вирусот останува во воздухот три часа. Тој потенцира дека секој доктор е нормално да има општи познавања. И кардиологот е доктор, но сепак, вели, луѓето во вакви времиња треба да умеат да ги филтрираат информациите и советите кои им се нудат.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања