Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Доктор Докиќ демантира дека го напишал текстот кој се споделува на Фејсбук: Категорично тврдам дека текстот не сум го напишал!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dokic

Познатиот пулмолог д-р Дејан Докиќ демантира дека е автор на текст кој се однесува на состојбата со коронавирусот во Македонија, а од вчера масовно се прошири на социјалните мрежи.

— реклама —

– Категорично тврдам дека текстот не сум го напишал. Овој текст е напишан со моето име што се злоупотребува, а она што го содржи не е точно. Слушнавте и од министерот дека има место за пациенти, а во текстот се алармира дека нема. Случајот го пријавив во полиција, па органите нека го расчистат,  истакна д-р Докиќ.

На новинарско прашање за лекот ивермектин, д- р Докиќ вели дека во секоја земја искуството е различно.

— реклама —

Тој вели дека во изјавата на EMA – European Medicines Agency се вели дека тие се уште не го регистрирале овој лек, бидејќи немаат доволно докази дали делува.

– Имаат студии каде што тој имал позитивен ефект, но имаат студии и каде што немало адекватен ефект. Секаде имало некаков ефект. Во истатата таа изјава на ЕМА, Чешка како западно-европска земја членка на ЕУ и Словачка го регистрирале ивермектинот како лек против Ковид-19. Искуството на секоја земја е различно, рече Докиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања