Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска одржа средба со д-р Сашко Кедев, на која се разговараше за наводите дека во одредени приватни болници се вршеле непотребни кардиохируршки интервенции врз пациенти.
Алиу потсети дека Министерството ќе испрати допис до сите приватни здравствени установи со кој ќе се задолжат, почнувајќи од 15 септември, редовно да го известуваат ресорното министерство, односно Управата за електронско здравство, за сите извршени прегледи и интервенции.
„Министерството за здравство е отворено за соработка со сите чинители и ги повикуваме сите засегнати страни кои располагаат со каква било информација за евентуални неправилности во системот, веднаш да се обратат до институцијата. Транспарентноста е еден од главните столбови во нашата работа и клучен предуслов за унапредување на процесите во здравствениот систем“, соопштија од Министерството.