Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Докторите и медицинскиот персонал нема да можат да земат одмори и боледување, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-1

„Донесовме мерка здравствените работници да бидат целосно на располагање на здравствениот систем, односно да нема земање одмори и боледување, освен кога е нужно. Сега ние во овие денови, денеска, во текот на денот имаме уште еден состанок за тоа од каде би регрутирале сестри и доктори од другите клиники, за да им помогнат на колегите од Инфективно, ако има потреба. Не треба да се зема никакво отсуство и треба да бидат на раполагање на системот“, рече Филипче одговарајќи дали чул дека масовно се зема боледување од страна на доктори.

— реклама —

Тој на претходната прес-конференција кажа дека Комисијата за заразни болести ќе предложи мерка здравствените работници да ги откажат сите приватни патувања, бидејќи секој од нив во овој момент е драгоцен за здравствениот систем.

„Здравствените работници во следните две недели да ги откажат и приватните патувања, бидејќи не е предвидливо дали некоја од земјите ќе влезе во групата со висок ризик, па да треба тие да бидат во самоизолација од 14 дена, а сега секој здравствен работник ни е навистина драгоцен“, рече Филипче.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања