Докторка уапсена со поткуп од 100 евра во болница во Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
doktor

Основното јавно обвинителство Битола покрена постапка против офталмолог вработена во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“, под сомнение за кривично дело примање поткуп, по член 357 став 6 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според обвинителството, докторката побарала подарок од 100 евра од лице од Ресен за да изврши операција за отстранување на катаракта кај сопругата на пријавителот — медицинска интервенција која, како јавна здравствена услуга, била обврзана да ја изврши и без надомест.

— реклама —

Поткупот според Обвинителстовто се случил на 16 јули, кога таа го повикала пријавителот на одделението за офталмологија, каде што, според договореното, требало да ги земе парите и да закаже операцијата. Но банкнотата од 100 евра што ја примила била претходно обележана во соработка со полицијата.

— реклама —

По примопредавањето, бил извршен претрес, при што парите биле пронајдени кај осомничената.

Јавниот обвинител, имајќи ги предвид околностите, побарал од судот да ѝ се определи мерка куќен притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања