„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Документ) Боксови во стомак и гради: директорот на штипскиот затвор обвинет за претепување на штипјанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
janev-todorov-

Штипјанецот Јован Јанев, активист на Левица и студент на Правен факултет, тврди дека бил тепан од директорот на затворот во Штип, Мики Тодоров. Според неговата објава, нападот се случил во јавен локал, а тврди дека причината е политичка.

— реклама —

„Вчера околу 02:00 бев физички нападнат од страна на директорот на затворот во Штип истакнат член на СДСМ во локалот 'Клик'. Причина е герила акцијата од 8-ми Ноември на која тој беше делегат. Хронологија: Во средина на краток муабет со мои двајца пријатели во ходникот од тоалетот, изненадно влета директорот и веднаш ми зададе серија на тупаници во стомак и гради (лукаво знаејќи дека во лице ќе биде видлива повреда). При тоа се обидуваше да ги избрка луѓето од ходникот на тоалетот за да останеме сами и за “да му покажам јас на него”“, сведочи Јанев.

Тој додава дека не возвраќал на ударите.

— реклама —

„Се извлеков и на среќа дојде професионалното и спремно обезбедување на локалот Клик да интервенира кои ги поздравувам за нивната професионалност. Причината е политичка! Но, ако некој мисли дека некогаш ќе се исплашиме и ќе се предадеме - се лаже. Ако мислите дека револуцијата ќе застане - се лажете. Сега СДС се како есенски лисја пред паѓање - а есенските лисја кратко траат на штипските силни ветрови“, додава тој.

На социјалните мрежи, пратеникот на Левица, Борислав Крмов објави и лекарски извештај од нападнатиот Јанев.

„Скопје1“ побара став и од директорот Тодоров, од кого очекува одговор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања