Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Документ) МВР на Спасовски знаеле дека возилото на Панче е исчезнато и 4 дена не презеле ништо, да реагирале Вања можеби ќе била спасена, вели Ковачки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
telegrama12122023

„Доколку МВР водено од Оливер Спасовски ги преземеше сите мерки за пронаѓање на сега убиениот Панче и неговото возило, убиството на Вања можело да се спречи“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:

„Наместо инаетење, Спасовски и власта треба да преземат одговорност.

— реклама —

Со денови прашуваме, а Спасовски бега и манипулира. Сега ќе ја обелодениме вистината. На 4 декември, кога Спасовски држи заедничка прес конференција со Гаврил Бубевски, за возилото на Панче рече: -Тоа возило не се движи до 27 ноември и немавме информација дека е одземено. А е регистрирано од камери, како и возило рено. Извршен е и претрес во политичката партија Трета, на која ѝ припаѓале и најдени се извесни информации“.

— реклама —

Спасовски овде го излажа народот.

— реклама —

Вистината е следна. МВР знаело на 24 ноември, дека возилото на сега убиениот а тогаш исчезнат Панче, е исчезнато уште од 22 ноември односно 5 дена пред убиството на Вања.

Ова е телеграма од СВР Велес до сите СВР на територија на Македонија, а во која се нотира дека лицето Панче Жежовски заедно со својот автомобил, а тоа е автомобилот со кој била киднапирана Вања, е пријавен за исчезнат од страна на член на неговото семејство на 24 ноември.

Оваа телеграма е доказ дека МВР на Спасовски знаела дека возилото на Панче е исчезнато уште од 22 ноември, но за жал не преземаат ништо. Напротив, полицијата по однос на овој случај презема акција 4 дена откако е пријавено исчезнувањето, т.е. на 28 ноември, што е датум кога е испратена оваа телеграма.

По оваа прес конференција очекуваме врвот на МВР да преземе одговорност, затоа што доколку навреме реагирале уште на 24 ноември и објавиле централна објава по возилото, убијците на Панче ќе биле пронајдени, а Вања можеби ќе беше спасена.

Спасовски и врвот на МВР мора да преземат одговорност, за случаи како овој никогаш да не се повторат. Криењето на овој податок има само за цел амнестија на Спасовски и врвот на МВР од политичка одговорност и ништо друго“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања