(Документи) Паразити, тендери на Мицкоски и Томовски во ЕЛЕМ од 60.000 евра и плаќања во готово, вели Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

„ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити, тоа е масовна појава која трае со години и тоа е потврдено со факти и документи. Во време на режимот, над 93.000 евра народни пари завршиле кај сегашниот шеф на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а над 67.000 евра завршиле кај неговата блиска соработничка Гордана Димитриевска Кочовска. Ивица Томовски, човекот кој секојдневно од белиот дворец зборува за паразити е вистинскиот паразит кој како управител на АД ЕЛЕМ Турс само од плати добил над два милиони денари или над 30.000 евра народни пари“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

— реклама —

И таа додаде:

— реклама —

Но пари од граѓаните Томовски добивал и пред да биде назначен на функцијата и тоа преку фирмата Сити логистик каде бил управител.

— реклама —

Компанијата на Томовски од АД ЕЛЕМ, односно од Мицкоски добила тендери во вредност од над 3,6 милиони денари или речиси 60.000 евра.

zWr988c519I

Но она што е уште позагрижувачко од висината на тендерите е плаќањето на одредени фактури во готово.

Еве еден таков документ каде на Сити логистик му било платена фактура во готово.

Ова е незаконска постапка, спротивно на Законот за платен промет, а таквото незаконско постапување било нотирано и во ревизорските извештаи.

Која била целта на незаконската исплата на фактури во готово и каде завршиле парите, треба да кажат Мицкоски и Томовски.

Бројни примери на паразити има во ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу нив се и сопругите на поранешните генерални секретари на Владата, Кирил Божиновски и Мартин Протуѓер, вработени во Агенцијата за електронски комуникации, како и деца на поранешни министри, пратеници и градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ вработени на високи позиции во државните и јавните претпријатија.

Додека платите на работниците во тоа време на ВМРО-ДПМНЕ беа 20.000 денари а минималната плата 8.000 денари, функционери на ВМРО-ДПМНЕ и нивни блиски роднини, се богателе на грбот на граѓаните кои цели 11 години беа заглавени во долгови и сиромаштија.

ВМРО-ДПМЕ е партија на паразити и ништо не може да го смени тој факт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања