Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Доларот паѓа, цената на нафтата порасна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


На девизните берзи вредноста на доларот паѓа трет ден по ред.


— реклама —

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,57 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,85 поени.


Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна од вчерашните 146,35 на 146,15 јени, пренесуваат регионалните медиуми.

— реклама —

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0865 долари, додека вчера во ова време беше 1,0830 долари.


Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,39 отсто, на 85,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,44 отсто, на 81,50 долари.

— реклама —

Цените на акциите во Азија пораснаа како и на Волстрит претходниот ден, додека доларот ослабна трет ден по ред, бидејќи повеќе инвеститори веруваат дека циклусот на зголемување на каматите во САД е завршен.


Претседателот на ФЕД, Џером Пауел неодамна изјави дека инфлацијата е сè уште превисока и дека централната банка е подготвена дополнително да ги зголеми каматните стапки, но инвеститорите се надеваат дека во наредните месеци, инфлацијата ќе попушти доволно за ФЕД да го запре циклусот на зголемување на цената на парите.


Се проценува дека има повеќе од 50 проценти шанси ФЕД да не ги промени каматните стапки до ноември.

— реклама —

Приносите на американските државни обврзници вчера дополнително паднаа, што е во корист на берзата, стои во написите на медиумите.


„Се чини дека се повеќе инвеститори мислат дека циклусот на зголемување на каматите е зад нас, па почнуваат да купуваат акции“, рече Сем Стовал, стратег во CFRA Research.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања