Промени тема
Контакт

Долгот во 2017 година беше 4.7 милијарди евра, ако СДСМ остане на власт до крајот на годината ќе биде над 8 милијарди, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Долгот во 2017 година беше 4.7 милијарди евра, ако СДСМ остане на власт до крајот на годината ќе биде над 8 милијарди евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За 5 години СДСМ ја задолжи државата колку сите влади пред нив заедно.

Моментално јавниот долг е над 7 милијарди евра, а по земањето на заемот од ММФ од 900 милиони евра и еврообврзница, тој ќе биде над 8 милијарди, што во проценти од БДП е над 70%.

— реклама —

За 5 години долгот е енормно зголемен без да има еден проект, ниту инвестиција.

— реклама —

Сите капитални проекти стојат во место. Нема Клиничка болница во Штип, ниту Клинички центар во Скопје. Автопатот Кичево - Охрид не може да мрдне од мртва точка.

Пет години СДСМ буквално ги помина во криминал и корупција. Државата не само што стагнираше, туку и изгуби чекор со регионот, каде забрзано се инвестира во инфраструктура.

— реклама —

Пет години државата тоне. Доколку СДСМ остане на власт долгот само ќе се зголемува, а инвестиции и раст воопшто нема да има. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања