Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Долгови, партиски вработувања и поскапи услуги за граѓаните, тоа е резултатот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, вели Каевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Kaevski

Повеќе од една и пол година измина од мандатот на над 40 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ а граѓаните од нив не видоа реализација на ниту еден важен проект, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

„Но затоа има задолжување на општините, партизација и поскапи комунални услуги за граѓаните.

Штип, Велес, Прилеп, Охрид се само дел од општините предводени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ кои драстично ги поскапеа услугите за граѓаните.

— реклама —

Охрид и Прилеп се и едни од најзадолжените општини кои должат шест, односно близу два милиони евра.

И додека Општина Прилеп должи пари, тамошното јавно комунално претпријатие Комуналец, распишува тендер за привремени вработувања вреден речиси 400.000 евра за да вдоми партиски кадри.

— реклама —

И сето тоа се случува откако граѓаните на Прилеп плаќаат во просек за 20 отсто поскапа вода и за 60 отсто поскапи комуналии.

И не е само општина Прилеп којашто расипнички се однесува кон парите на граѓаните.

За времени вработувања Општина Бутел троши над 280.000 евра, Општина Гази Баба над 220.000 евра, пет милиони денари троши општина Аеродром за истата намена, а милиони денари за вработувања трошат и општините Кочани, Илинден, Велес… сите раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Посебна приказна за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ е Градот Скопје кој има долг од три милиони евра, но има и блокирана сметка и се ближи кон целосен банкрот.

Поради инаетот и каприците на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ изгуби грант од 70 милиони евра и дополнително плаќа годишни пенали.

— реклама —

Најголемата единица на локалната самоуправа со убедливо најголем буџет од 100 милиони евра, Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го доведе до состојба на нефункционалност и пред банкрот.

Досега вакво нешто се нема случено.

Но, секогаш кога оваа партија ќе дојде до власт и во допир со парите на граѓаните, на општините им се случува катастрофа“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања