Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ДОМ бара 11,2 милиони евра за Охридско и за Дојранско езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Maja-pres-23.02.2017-konecna-1

Пратеничките на ДОМ поднесоа три амандмани на Буџетот за аерозагадувањето и колекторите во Охрид и Дојран, како ургентни потреби за следната година. Со амандманите е предвидена пренамена на средства од повеќе буџетски ставки во ставки стриктно наменети за подобрување на состојбите со животната средина во делот на воздухот и водите, во вкупна вредност од 34, 7 мил. евра.

— реклама —

„Амандманот за аерозагадувањето предвидува зголемување на предвидената програма од 1,6 мил. евра на 25 мил. евра, колку што беа и проценките од Министерството за животна средина дека ќе бидат потребни, а кои планираше да ги обезбеди од други министерства и донации. Средствата се наменети за: набавка на мерни инструменти за мониторинг на воздухот, набавка на опрема и акредитација на централна референтна лабораторија, промена на горивата, поставување на сончеви панели и енергетска ефикасност за јавни објекти и домаќинствата, како и за изработка на регистар на возила. Се очекува со ова да се постигнат видливи ефекти во текот на една година.

— реклама —
— реклама —

Амандманот за Охридското езеро обезбедува средства во висина од 11 мил. евра за доизградба на колекторскиот систем, со оглед на тоа што е потребно итно заокружување на основната мрежа, во состојба кога туризмот е во подем и се очекува натамошен развој. Досега е изработена комплетна проектна документација, а е најавено и како владин приоритет. Обезбедување ефикасно функционирање на колекторскиот систем е и еден од заклучоците од собраниската надзорна расправа за управување со, од УНЕСКО заштитениот-Охридски регион.

За Дојранското езеро се предложени 200.000 евра за дореализација на проектот за реконструкција на пречистителна станица во општината, имајќи ја предвид состојбата со квалитетот на водата на езерото, зголемениот број туристи и слабиот капацитет на станицата“, стои во соопштението на ДОМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања