Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

ДОМ: Бараме да се направат измени во Законот за просторно и урбанистичко планирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
park

„ДОМ ја поздравува изработката на зелениот катастар на Град Скопје, што произлезе како обврска од Законот за урбано зеленило. Не случајно ДОМ со години се бореше за носење на овој закон, зашто зелениот катастар и задолжителниот процент зеленило на ниво на град и на градежна парцела се клучни алатки во борбата со аерозагадувањето.

Сметаме дека сега треба да следат два нови чекора. Првиот чекор е да се обезбеди достапност на зелениот катастар до јавноста, за да може сите ние како граѓани да ја следиме состојбата со зеленилото. Со ова ќе бидат јавно познати просторите со урбано зеленило кои не смеат да се претвораат во градежно земјиште.

— реклама —

Втор чекор е да се направи целосна ревизија на деталните урбанистички планови, зашто бетонирањето на просторот го спречува нормалното проветрување на градот, го задржува смогот помеѓу зградите и опасно го загрозува здравјето и квалитетот на живот на граѓаните.

Затоа ДОМ и понатаму бара да се направат измени во Законот за просторно и урбанистичко планирање и негово усогласување со Законот за урбано зеленило, со што ќе се внесе минимумот од 20% зеленило на градежна парцела и 25 метри квадратни зеленило на жител на ниво на град“, се вели во соопштението од ДОМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања