„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ДОМ: Предвремени парламентарни избори во овој период би го успориле спроведувањето на реформите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
cnjreagerhgetehg-197258

„На денешната седница, Централниот одбор донесе заклучок дека ДОМ нема да предложи свој кандидат за Претседател на Република Македонија. Имајќи предвид дека во тек е процесот на номинација на кандидати, ЦО на ДОМ дополнително ќе одлучува за поддршка на претседателски кандидат. За ДОМ клучни се личниот профил на кандидатот, посветеноста на евроатлантската интеграција на Македонија и развој на прогресивно и просперитетно општество, како и поддршката во заштитата на животната средина и борбата против климатските промени.

— реклама —

Ставот на ДОМ е дека предвремени парламентарни избори во овој период би го успориле спроведувањето на реформите неопходни за отпочнување на преговорите со Европската Унија.

ДОМ смета дека сега е потребно сите расположиви капацитети максимално да се ангажираат за реализирање на реформските приоритети и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. За таа цел, ДОМ ќе ги интензивира своите активности за заштита на животната средина, особено за намалување на аерозагадувањето.

— реклама —

На седницата беа избрани координатори и заменици координатори за шестте изборни единици: Дарко Кржовски и Христина Оџаклиевска за ИЕ 1, Александар Ѓорѓиевски и Дејан Димитровски за ИЕ 2, Ванчо Санев и Дане Милошевски за ИЕ 3, Елизабета Сурлаџија и Миле Настески за ИЕ 4, Благој Мицевски и Стефанија Трајковска за ИЕ 5 и Валентин Тасесеки и Стојан Давидовски за ИЕ 6.

Централниот одбор донесе одлука за промена на седиштето на партијата поради промена на Централната канцеларија на ДОМ“, се вели во соопштението од ДОМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања