Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Домашните миленици не треба да јадат грозје, кромид и лук

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
can-dogs-eat-onions

Во овој период на празници внимавајте вашето куче или мачка да не јадат чоколада. Кромидот и лукот содржат тиосулфат, кој може да предизвика хемолитична анемија кај кучињата, што резултира со крвавење, па дури и смрт …

— реклама —

Чоколадото е богато со теобромин на кој тие се многу чувствителни и може да предизвика сериозна токсичност и оштетување на нервниот систем. Симптомите на труење се исти како и кај труењето со кофеин, објаснува ветеринарот д-р Горан Азениќ од Ветеринарската амбуланта „Вет-свијет“.

— реклама —

Кафе и чај и други пијалаци што содржат кофеин се забранети. Дури и мали количини може да доведат до возбуда, пренадразнетост, тресење, напади, повраќање, дијареја, отежнато дишење и срцева слабост, па затоа се можни компликации поради срцев или респираторен застој, па дури и смрт. Алкохолот е строго забранет.

— реклама —

“Грозјето и сувото грозје исто така влијаат токсично на бубрезите. Откако ќе ги изеде, кучето почнува да повраќа, и, исто така, се јавува исцрпеност и престанок на мокрење и смрт поради акутна ренална инсуфициенциј“, објаснува д-р Азениќ.

Ниту торти и десерти не се пожелни. Големите количества шеќер не може соодветно да се метаболизираат, па може да предизвикаат дијареја, шеќерна болест и смрт. На листата на забранета храна се солени грицки и чипс, бидејќи на подолг рок може да доведат до гастритис и проблеми со бубрезите.

„Кромидот и лукот треба да се избегнуваат поради тиосулфатот, кој може да предизвика хемолитична анемија во која доаѓа до уништување на црвените крвни клетки, а последиците може да бидат крвавење, хепатит, па дури и смрт“, вели Азениќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања