Промени тема
Контакт

Донација на Вентили за кислород од ЛК„Десарети“-Охрид за Општата Болница во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bolnica-ohrid

Во согласност со мотото на клубот за донирање на средства и опрема кадешто е најпотребно, во текот на вчерашниот ден-петок, 27.11.2020 г., делегација на ЛК „Десарети“-Охрид, ја предаде опремата за Општата Болница во Охрид, што се состоеше до 4 вентили за кислород, наменети за борба со КОВИД 19.

— реклама —

Со помош на неколку фирми, обезбедена е вредната донација. За само два дена беа набавени и доставени 4 вентили за кислородни боци со сите пропратни елементи. Ваквата опрема е повеќе од потребна во овие лоши времиња за целото човештво.

Од клубот информираат дека сакаат оваа акција да му ја посветат на Големиот Човек, хуманист, лекар, уметник, и еден од основачите на лајонизмот во Охрид, но и пошироко, а тоа е Драган Спасески-Охридски, кој прерано си отиде во вечноста.

— реклама —

Апел до сите институции, организации, деловни субјекти и поедници да се насочиме во овие тешки моменти, кој колку може и на начин каков што може да се помогне во борбата со КОВИД 19.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања