„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Донација од медицинска опрема за македонското здравство пристигна од Обединетите Арапски Емирати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
10.11-1

Во духот на билатералните пријателски односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати вчера на аеродромот во Скопје пристигна 10 тони помош за борбата против пандемијата предизвикана од коронавирусот.

— реклама —

Доделената помош е во рамките на Емиирејтс еид (ЕMIRATES AID - COVID19 GLOBAL RESPONSE) под покровителство на Шеикот престолонаследник и заменик врховен командант на вооружените сили на ОАЕ, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, принцот на Абу Даби.

Министерството за здравство доби донација од заштитни маски, скафандери, визри, заштитни наочари и ковид тестови од Обединетите арапски емирати. Опремата и тестовите во текот на наредните денови ќе бидат распределени низ болниците во земјава.

— реклама —

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче се заблагодари за оваа донација посочувајќи дека во време кога целиот здравствен систем секојдневно се бори со зголемениот број на пациенти од вирусот Ковид 19, секоја помош е добредојдена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања