„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Донаторски состанокостанок на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sostanok-ekstremizam

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам  го одржа третиот донаторски состанок наменет за тековно информирање на организациите од невладиниот сектор и странските мисии во Република Македонија.

— реклама —

Целта на Донаторскиот состанок беше споделување на информации и координација помеѓу донаторите - претставници на странските мисии и меѓународните организации во Република Македонија, од една, и организациите од невладиниот сектор кои работат на проекти поврзани со превенција од насилен екстремизам од друга страна.

Замениците национални координатори за спречување насилен екстремизам, Џеладин Ајвази и за борба против тероризам, Златко Апостолоски ја искажаа потребата невладините организации пред донаторите да ги претстават нивните реализирани, тековни и идни проекти од областа на превенција од насилен екстремизам. Презентираните проекти од страна на НВО секторот се во согласност со планираните активности од Акциските планови и владините Национални стратегии за спречување на насилен екстремизам и за борба против тероризам.

— реклама —

Претставниците на странските мисии имаа прилика да го претстават видот на проектите кои ги поддржале, постигнатите резултати и идните планови за поддршка наменета за овие области.

Националниот комитет ќе продолжи со реализација на планираните стратешки активности во Акциските планови, а кои претставуваат приоритет за 2019 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања