Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Донесен Законот за јавно обвинителство, тензично во собраниската сала

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Со 80 гласови „за“ и 6 „против“ е донесен Законот за јавно обвинителство, по повтореното гласање на пленарната седница во Собранието. Вкупно присутни во салата беа 116 присутни. Претходното гласање беше поништено, поради, како што кажа претседателот на Собранието, Талат Џафери, технички проблеми, односно системот немал евидентирано гласови на одредени пратеници.

— реклама —
— реклама —

Пратениците од власта со аплауз го поздравија изгласениот Закон за јавно обвинителство, а пак од ВМРО-ДПМНЕ реагираа зошто повторно се гласало за законот и викаа „Законот не е донесен“.

— реклама —
— реклама —

Од собраниската говорница, координаторот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски викаше „Криминалци, криминалци“, алудирајќи дека второто гласање не е валидно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања