ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Донесена одлука за формирање на Меѓуресорска работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
001

Владата на денешната 120 седница донесе одлука за формирање на Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците.

— реклама —

Дел од обврските кои ќе ги има ова тело опфаќаат: подготовка на Акциски план за спроведување на Законот за употреба на јазиците, во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на одлуката; следење на динамиката на реализација и имплементација на Акцискиот план; давање насоки на институциите во функција на координирање, организирање, имплементирање и операционализирање на мерките и активностите согласно тој план.

Членови на Меѓуресорската работна група согласно владината одлука се: Генералниот секретар на Владата на Република Македонија; заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија; државниот секретар во Министерството за правда; државниот секретар во Министерството за финансии; државниот секретар во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор; секретарот на Секретаријатот за законодавство; претставник од Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија и претставник од Собранието на Република Македонија.

— реклама —

На 120 седница владата донесе одлука да не даде мислење за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари бидејќи веќе е донесена одлука со кој се предвидува пролонгирање на рокот за влегување на сила на законот за јануари 2020 година.

Истовремено Влада веќе има формирано работна група за подготвување на нов предлог Законот за трговија на зелени пазари и на која членуваат и претставници на здружението на трговците на зелени пазари и постои цврста политичка определба дека конечното решение ќе биде и во интерес на нивна заштита.

На редовната 120 седницата, Владата ја разгледа Информацијата за изградба на пруга Куманово-Бељаковце. Донесен е заклучок со кој Владата најавува дека ќе го преиспита Договорот за проектната единица за имплементација на проектот и ќе направи предлог за да се измени неговиот облик со цел поефикасно спроведување на договорот имајќи ги предвид значителните доцнења и нефункционалноста на проектната единица.

Владата исто така ја разгледа и усвои Информацијата за одржување на Првата седница на македонско-бугарската меѓувладината комисија за економска соработка по Договорот за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија.

Утврдено е дека меѓу двете земји сите економски параметри бележат позитивен развој што може да се констатира меѓу другото и преку значителниот обем на трговска размена во изминатите неколку години.

Двете земји покажуваат силна заинтересираност за натамошно унапредување на економските и трговските односи што се огледа и преку заложбата за одржување на заеднички владини седници, како и за одржувањето на претстојната седница на македонско–бугарската Меѓувладина комисија за економска соработка.

Истовремено, владата денеска ги задолжи: Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за информатичко општество и администрација до Министерството за економија да достават номинации на членови и теми за дискусија на Првата седница на македонско-бугарската меѓувладината комисија за економска соработка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања