Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Донев: СДСМ и Георгиески сакаат да ја затскријат својата неспособност за реализирање поголеми проекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG_2004-15-04-19-11-44

СДСМ и Константин Георгиески сакаат да ја затскријат својата неспособност за реализирање поголеми проекти. Реализираат мали градежни зафати мислејќи дека во 21 век асфалтирањето улици или поставувањето водовод и канализација е големо достигнување и причина граѓаните да гласаат, истакна Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

СДСМ се свесни за својот слаб рејтинг и убедливиот пораз на локалните избори па под превезот на малите инфраструктурни зафати сакаат да ги затскријат нереализираните ветени проекти. Охриѓани очекуваа многу. СДСМ и Георгиески ветија, СДСМ и Георгиески излажаа. Нема суштински проекти што ќе значат нови вработувања, подобар животен стандард, поубав Охрид.

— реклама —

Нема изградба на катни гаражи, изградба на експресен пат Охрид - Свети Наум и обиколница Мауцхер- Косел. Ништо од агро центарот и фабриката за отпад, нема нови училишта, болници, театар, останаа само празни ветувања за младите, пензионерите и сите охриѓани.

Дали Локалната самоуправа има издадено одобрение за моменталното градење на сообраќајницата кај касарната?

— реклама —

Како Георгиески дозволува големата сала во општина Охрид да се употребува за политички цели?

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Антикорупциската комисија да ги истражи сите овие наводи и да утврди дали има прекршување на законите Уште колку владини функционери ќе дојдат во изборната кампања за да му помогнат на Георгиески?

— реклама —

Математиките на СДСМ не им одат во прилог, па се служат со злоупотреби од позиција на власт да извршат притисок врз гласачите притоа користејќи службени автомобили и обезбедување платени со парите од народот.

После две години централна власт и една и пол година локална власт никој не најде време на охриѓани да им објасни зошто ништо од тоа што ветија не остварија.

— реклама —

Замислете, за сега во изборна кампања одеднаш сите се во Охрид.

Неспособноста, неработењето и нефункционалноста се главните одлики на локалната власт на СДСМ. СДСМ и Георгиески ја потценуваат интелигенцијата на охриѓани, но охриѓани се мудар народ и тоа ќе го казнат на 21 април гласајќи за Д-р Митре Милошевски за градоначалник на Охрид, истакна истакна Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања