Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Донев: Зошто градоначалникот Георгиески свесно ги остави средствата од образование и детска заштита за извршување?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
FullSizeRender-12-08-19-11-30

Катастрофална е состојбата во образованието. Нема ништо од најавениот инвестициски бум, ниту од грижата за најмладите.

Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески тоа го докажа уште со ребалансот кога имавме драстични кратење на милионски суми и пренамена за враќање стари обврски, истакна Сашо Донев, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Да биде трагедијата поголема од последните извештаи се гледа дека и од тие скратени средства во образование и детска заштита најголемиот дел се дозволило да бидат повлечени (извршени) од добро познати доверители.

Зошто градоначалникот Георгиески свесно ги остави средствата од образование и детска заштита за извршување?

— реклама —

Зарем мораше од фирма која и без тоа има најмногу вратен долг годинава?

— реклама —

Не чувствувате барем ни малку срам затоа што санитарните јазли во училиштата се во очајна состојба, а просторните услови само се влошуваат?

Зарем не Ви беше доволно враќањето милиони, па сега моравте да скратите и од најмладите во образованието и детската заштита?

— реклама —

Додека превозните услуги се зголемија за цели два милиони денари во основно образование, од предвидените капитални расходи во основно образование се скратија  неверојатни седум милиони денари, а во средно образование дури три милиони денари.

Локалната власт и градоначалникот Георгиески ги ставаат бизнис интересите над грижата за најмладите, истакна Сашо Донев, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања