Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Дополнителни 3.769 хектари државнo земјоделско земјиште се става на располагање на земјоделците, вели Димковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zemjodelci

Владата предводена од СДСМ во време на светска економска и енергетска криза, во време на ограничени производи на светските пазари, презема мерки за унапредување на земјоделството и зголемување на домашното земјоделско производство, вели Трајан Димковски, член на Комисија за земјоделие на СДСМ

„Дополнителни 3.769 хектари државни земјоделско земјиште преку два јавни огласи се ставаат на располагање на нашите земјоделци.

— реклама —

Земјоделците можат да добијат државно земјиште под наем до 70 години за одгледување на земјоделски култури за сточна храна, за подигнување на долгогодишни насади како лозја, овоштарници и оранжерии, поставување на пчелни семејства или рибници.

Голем и досега рекорден интерес, со 235 апликации, кај земјоделците предизвика и јавниот оглас кој беше распишан во месец март каде на располагање беа ставени дополнителни 5.722 хекатри земјоделско земјиште до 3 хектари за обработка на житни култури распоредени во 14 региони низ државата.

— реклама —

Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство обезбедија нови 2,7 милијарди денари кои ќе бидат наменети за исплата на субвенциите земјоделците.

Во услови на економска криза како никогаш досега се исплаќаат заостанати обврски од претходните години.

— реклама —

Преку Интервентниот фонд обезбедуваме субвенции за вештачки ѓубрива за одгледувачите на пченица, пченка, сончоглед и јачмен.

Со ребалансот на Буџетот обезбедени се нови 500 милиони денари во интервентниот фонд кои ќе бидат наменети за нови мерки кои ќе треба да им помогнат на земјоделците да ги надминат пазарните шокови со цел да произведат повеќе храна.

— реклама —

Сето ова почитувани, на дело ја покажува нашата вистинска грижа за земјоделците.

Продолжуваме да инвестираме во земјоделството како клучна гранка на нашето стопанство“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања