Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Дополнителниот заменик министер Петровска во посета на ПС Тетово и Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
8

Генерално, состојбата на подрачјето во надлежност на Секторот за внатрешни работи Тетово и од аспект на безбедноста и од аспект на справување и откривање на разните видови криминалитет е стабилна и бележи нагорен тренд во расветлувањето на кривичните дела. Ова, меѓу другото беше констатирано на работната средба што  дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска денеска ја имаше со раководството на СВР Тетово.

— реклама —

— реклама —

Истовремено, дополнителниот заменик министер Петровска беше информирана и за активностите што СВР Тетово ги презема во контекст на претстојниот избирачки процес, а во насока на обезбедување на мирни, демократски и фер парламентарни избори. На состанокот Петровска, особено нагласи, дека е од императивно значење полицијата целосно да ги испочитува своите обврски и надлежности во поглед на изборните норми, а се со цел да им се овозможи на сите наши граѓани слободно, непосредно да ја изразат својата граѓанска должност.

— реклама —

Наедно, во рамки на работната посета на овој сектор за внатрешни работи, Петровска ги посети и Полициските одделенија во Камењане и Жеровјане, а имаше и работни средби и со раководствата на Оддлението за внатрешни работи Гостивар и Одделението за безбедност на патниот сообраќај Гостивар.

— реклама —

фото: МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања