Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Дополнителниот заменик министер поднесе тужба до Управниот Суд против одлука на ДИК, за унапредување на вработени во Министерството за финансии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dimitrieska-kocoska

Вчера дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска поднесе тужба до Управниот Суд против одлука на Државната изборна комисија, за унапредување на вработени во Министерството за финансии,се вели во соопштението од дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска.

— реклама —

Сметаме дека Државната изборна комисија неправедно утврди дека одлуките за избор за унапредување на административен службеник, сите од 03.01.2020 година не преставуваат акти или документи кои се однесуваат на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите, а донесување на одлуките преставува исклучива надлежност на министерот за финансии и дека не постоела можност да се примени одредбата за врзан (заеднички) потпис на одобрување согласно одредбата од член 46 став 3 од Законот за Владата на Република Македонија.

Државната изборна комисија не даде одговор на аргументите кои беа истакнати во барањето за донесување на одлука, според кои сметаме дека со донесените одлуки се одлучува за кадровски и финансиски прашања поврзани со организација на изборите, па според тоа државниот секретар во Министерството за финансии беше должен истите да ги достави на потпис до дополнителниот заменик министер, но истото не го сторил со што извршил повреда на член 46, став 2, став 3 и став 4 од Законот за Владата на Република Македонија, се вели во соопштенито од заменик министер во Министерството за финансии.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања