Досега МВР евидентирало 22186 прекршоци за неносење лична заштита, од нив во 24 часа 672 прекршоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
culev-1

— реклама —

Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од Covid19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата. Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 22186 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 672 прекршоци во изминатото деноноќие, напиша на својот ФБ профил министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 98 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

— реклама —

На територијата на целата држава на вкупно 763 лица им се издадени решенија за изолација, а 113 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лицa кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин се спроведени вкупно 9 лица.

Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала, напиша Чулев на ФБ.

https://www.facebook.com/NakjeChulev/photos/a.116423386551131/170177421175727/?type=3&theater

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања