„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Досието за Камчев има десетици илјади страници и неопходно е време ОЈО сите да ги провери и истражи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
orce-kamcev-2

Империјата на Орце Камчев градена преку даночни затајувања, офшор компании и финансиски малверзации, од ден во ден се повеќе се распаѓа. Слободен печат неофицијално дознава дека целото досие за пирамидата на Камчев има десетици илјади страници и неопходно е време сите да се проверат и истражат. Целиот процес го отежнуваат големиот број трансакции, многуте фирми кои Камчев ги има низ странски држави, пред се оние во офшор дестинациите. Оттаму, никој не знае уште колку ќе трае вештачењето на доказниот материјал со оглед на неговата обемност. Јавното обвинителство во чија надлежност е сега предметот, после вештачењето се очекува да покрене обвинителен акт.

— реклама —

„Империја“ е предмет во кој се истражува финансиски криминал на Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски. Тие, како што соопшти своевремено СЈО, ќе се гонат поради сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Но, додека се чека целата империја на Камчев и партнерите да биде официјализирана со обвинение, Јавното обвинителство направи издвојување на предметот „Плацеви на Водно“ како посебен предмет, предметот поради кој Камчев е во притвор.

— реклама —

Текстот во целост на: Слободен печат

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања