Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Доста беа врти-сучи изјави, Мицкоски пред лидерската да каже: ЕУ или Левица, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Mickoski07062021

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите, вели СДСМ

„Потребно е да го продолжиме европскиот пат и да реализираме уште една стратешка цел.

— реклама —

Откако скрининг процесот што се води на официјален македонски јазик, наскоро ќе заврши, ќе следува и отворање на првите поглавја во преговорите со ЕУ.

За тоа се неопходни потребните структурни реформи што започнуваат со уставните измени.

— реклама —

Одговорност на сите 120 пратеници, но и на сите политички субјекти, вклучително и на Христијан Мицкоски е да дадат придонес во овој важен државнички процес.

Изборот е јасен: Или напредок и интеграција во ЕУ или стагнација и изолација во прорускиот блок.

— реклама —

Но Мицкоски бега и не носи одлука дали е за ЕУ или е за останување под заложништво на проруската Левица.

Доста беа врти – сучи изјави на Мицкоски, тој мора да излезе пред граѓаните и јасно да каже: Дали е за ЕУ или е за Левица.

— реклама —

Денес, откако по 17 години чекање конечно ги почнавме преговорите со ЕУ, откако ги надминавме сите пречки, не смееме да дозволиме самите себеси да си го блокираме патот кон Европската Унија.

Членството во ЕУ е национална стратешка цел и обврска и одговорност на сите политички субјекти е остварување на таа цел“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања