„Доста крадете, за каде ви се парите? Засрамете се без разлика на партијата“ - пациентка на Онкологија за голготата при примање терапија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Коментари
onkologija-53214

Вања Андонова, пациентка на Клиниката за онкологија, раскажа за голготата низ која минува кога доаѓа да прима терапија. Објавата ви ја пренесуваме во целост:

— реклама —

Еден ден од животот поминат на Онкологија. Да си од Струмица и да патуваш до Скопје за една терапија изгледа вака:

1.Станувам у 5ч рано рано. Будам мало дете од 7 години го облекуавм за училиште и викам: спиј мама надвор е уште темно,имаш време за на училиште. А тоа вели: А зошто мама одиш на болница у темното? Јас: Па мама за да завршам и да се вратам порано.

— реклама —

Цел ден од темно до темно оставам 2 малолетни деца да се грижат сами за себе. Фала му на Бога што се умни и навикнаа и прифатија дека мора да е така. И демек ќе стигнам порано за да завршам се порано. Ама не е така. На секоја врата се чека баш убаво долго. Затоа што ЦЕЛАААААА Македонија сме у една клиника.

2.Докторите и сестрите ни паузи не користат за да постигнат да внимаваат на сите пациенти.

3.Една лабораторија за крв.

100 пациенти чекаат ред и сите со таа крвна слика одиме на дневна амбуланта,каде чекаме ред.

4.Уште еден поголем проблем. Младите мед.сестри кои беа на работа си отидоа без плата и без решенија. Недостаток на персонал.

5.Амбулантата која беше само за инекции веќе не работи,така да сега и тие пациенти чекаат заедно со нас кои сме за хемо.

6.Недостаток на столици за седење,тесни ходници за зголемениот број на пациенти.

Некои си седиме на скалите,зашто така налага процедурата на лечење.

7.И кога добиваме бројче може да е 29 или 39 или не знам 55. И се чудиш кога ќе дојдеш на ред. И така редот е баш да си одиш дома у темно,зашто нели веќе и си тргнал на терапија у темно. Само да кажам дека добро би било у оваа наша жална напатена Македонија некој треба да мрдне со прсти и да активира мозок. Доста крадете. За каде ви се парите? Ќе си купувате уште џипови? Ќе градите згради? Ќе го купите пола град? Ќе бидете моќници? Ќе не гледате од високо? Само еден БОГ гледа одозгора. И за вас и за нас е тој. Ние се мачиме од вашата незаинтересираност за НИШТОООО. Аман. Некој нешто да направи добро за овој народ. Се лечиме у странство со донации. А вие уште крадете и крадете Да имавте осет ќе се срамевте сами од себе. Засрамете се сите без разлика на партија Одделете во секој град по една соба од болниците за нас онколошките пациенти. Обучете персонал. Секаде во светот така функционираат работите. Ги бркате младите од своите родни куќи за подобар живот да бегаат у други држави. Никој не остана НИКОЈ. Да надополнам: Еден апарат за Пет скен снимање,од кој зависат многу животи. Само ЕДЕН Е кој понапред да снимат? Бројот на заболени е енормно зголемен и самото тоа по дифолт кажува дека требаат уште апарати. А ако у некоја болница се расипе апарат за снимање,како што се случува често,е чекајте со месеци до пола година да се направи. И ако нема реагенси за снимање,а бема често. Ќе се шетаме од град до град со врски за да се снимиме. Има уште“.

2n7ferxNp4A
?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d

3k0s8cxDxII
?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања