Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Дождот помогна, но ризикот останува - објавена проценката за пожари во август, кои може да ги има низ дел од Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2023-08-06-at-12.09.45

Центар за управување со кризи:

ПРОЦЕНА НА РИЗИКОТ ОД ШУМСКИ ПОЖАРИ

— реклама —

Анализа на состојбата со процена на развојот на ризикот од шумски пожари и пожари на отворен простор после врнежите од дожд во деноноќието 5/6 август 2023

Во текот на изминатото деноноќие (5-6 Август), територијата на Р. С. Македонија беше зафатена од интензивни метеролошки процеси, што покрај другото резултираа и со наврната значителна количина на дожд.

— реклама —

Според утринската информација од УХМР (06 август), најголема количина на дожд има наврнато во источниот и југоисточниот дел на земјава, во Берово се измерени 31 литар на метар квадратен, 26 во Штип, 22 во Ѓуриште, 16 во Струмица. Исто така значителни количини дожд на м2 се измерени и во Скопската котлина (19 л), Тетово 17, додека во централниот дел најголеми количини на дожд се измерени во Демир Капија 21 л, а најмалку во регионот на Гевгелија и Дорјан (3 л).

Оваа промена на времето во однос на состојбата со шумските пожари и пожарите на отворен простор која што беше актуелна во изминатите неколку дена ќе биде добредојдена, бидејќи ќе влијае на намалување на сите параметри кои го сочинуваат вкупниот индекс на ризик од пожари, пред се, сувоста на вегетацијата, температурата на воздухот, влагата на воздухот, вегетацијата и акумулираната биомаса на површинскиот почвен слој.

Според информациите од Македонскиот информативен систем за шумски пожари (МКФФИС - http://mkffis.cuk.gov.mk/), вренежите од дожд значитело придонесоа за намалување на вредностите на сувост на вегетацијата (Wgetation Drynes).

— реклама —

Картата на сувост на вегетација (Wegetation Drynes map) која во МКФФИС се генерира врз основа на сателитски измерени параметри, вредноста на индексот за сувост на вегетацијата, за 06.08.2023 година, доминантно е со ниска вредност, со мали показатели за средно и високо ниво на мали подрачја (слика 1, во прилог).

Што се однесува до Индексот за шумски пожари кој што се базира на основа на измерените вредности од Автоматските метеоролошки станици при УХМР (температура на воздух, влага, ветер и врнежи), покажува “просечно” ниво за северо-западниот, западниот и југо-западниот дел од Републиката, додека со индекс на “високо” ниво е покриен централниот, јужниот и источниот дел од Републиката (слика 2).

— реклама —

Оваа состојба укажува на потребата од понатамошна континуирана подготвеност и будност на сите субјекти од Системот за управување со кризи, бидејќи врнежите значително го ублажија интензитетот на пожарите од изминатите денови, но ризикот од пожари ќе биде актуелен и во текот на август, бидејќи според метеоролошките прогнози, се најавува стабилизирање на времето и повторно зголемување на температурите.

Заради сето ова Центарот за управување со кризи ќе продолжи со интензивна меѓуресорска комуникација и координација со сите релевантни чинитили од локално и национално ниво, со крајна цел во текот на оваа сезона на пожари, последиците и штетите да се сведат на најниско можно ниво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања