Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Доживотна казна за Авганистанецот кој со автомобил намерно влета во учесници на синдикален протест во Минхен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryo5htuaensgme5GzpmeM
unsplash

Суд во Германија го осуди на доживотен затвор 25-годишниот Авганистанец Фархад Нури, кој минатата година со автомобил намерно влета во учесници на синдикален протест во Минхен, при што загинаа две лица, а 40 беа повредени.

— реклама —

Според судот, Нури свесно го насочил возилото кон колоната учесници, искористувајќи го фактот дека присутните, меѓу кои имало многу деца и млади, не очекувале напад.

— реклама —

Во нападот животот го загубиле 40-годишна жена и нејзината двегодишна ќерка, додека уште 40 лица биле повредени.

Судскиот совет утврди „особена тежина на вината“, што значи дека осудениот нема да може да биде условно ослободен по 15 години, како што вообичаено е предвидено за доживотните казни во Германија.

— реклама —

Нури пристигнал во Германија како 15-годишен бегалец во 2016 година. Според судот, станува збор за лице со намалено чувство на сопствена вредност, кое излез побарало преку радикализација. За време на судењето повеќепати го покажувал подигнатиот показалец, симбол што се поврзува со терористичката организација Исламска држава.

— реклама —

Во текот на постапката, тој не ги откри мотивите за нападот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Германија ги исфрла кинеските дронови од употреба во својата војска

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 3 дена

media-libraryo9cpaulc96oieTa7GdC

Германија ги заостри казните за употреба на дрога за силување – најмалку пет години затвор

Свет | пред 5 дена

media-librarytkbi4kllf9kceO7EJTP

„Бош“ ќе укине уште 750 работни места во Германија до 2029 година

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања