Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

„ДПМНЕ направи кворум за амнестија на криминалот“, обвини Левицата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


„Широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ, со европско знаменце, ги амнестираше криминалите на своите политичари и функционери преку драстично намалување на казните за наместени тендери, злоупотреба на овластувањата и за злосторничко здружување!“, велат од Левицата.

— реклама —


— реклама —

„На вчерашната собраниска седница, скандалозно и бесрамно, како од моделите на најмрачните режими, се изгласаа контроверзните измени во Кривичниот законик со кои политичката елита од големите партии се амнестираше од криминалот! Собраниската опозиција, сочинета единствено од пратениците од Левицата, одби да земе учество во озаконувањето на високата корупција.


— реклама —

Блокот на партии од елитата ДПМНЕ-СДС-ДУИ, како и пред наметнатите уставни измени од т.н. Преспански договор, повторно го менува Кривичниот законик како политички договор кој највеќе и одговара на оваа широка коалиција – првично, за заштита на корумпираните партиски раководства, а потоа и за повторен обид за наметнување на уставните измени за бугаризација на Република Македонија.

— реклама —

Левица останува единствената автентична парламентарна партија која го брани народниот интерес во парламентот и ветува дека по следните парламентарни избори, повторно ќе ја заостри казнената политика и ќе го дуплира рокот за застарување на криминалите на вечната коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ“, се додава во соопштението на Левицата.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања