Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски кој јавно соопшти дека си заминува од клиниката „Жан Митрев“ денеска и официјално го раскина работниот однос. Од тимот кој работеше неонатална кадриохирургија во „Жан Митрев“ денека си заминаа и двајца анестезиолози.
Чадиковски кажа дека оставката ја поднел бидејќи ниту клиниката Жан Митрев, ниту министерството за здравство не го почитувале договореното.
Чадиковски со тим од осум луѓе од државната детска кардиохирургија, на први февруари почна да работи во клиниката Жан Митрев, по принципот на јавно-приватно партнерство на државата со болницата Жан Митрев.
Целта беше децата да ги добијат сите стандарди што не беа овозможени на детската кардио-хирургија.
Неофицијално, се преговара со приватната болница Систина, проектот за детска кардио-хирургија да се пресели таму.