Во првиот дел од пандемијата, од март наваму за кратко време ГОБ „8 Септември“ стана главен ковид центар во државата и многу од одделите беа затворени и наменети само за третман на болни со ковид 19 вирусот. Хирургијата беше комплетно пренаменета за болни со ковид 19, речиси блокирана. Интервентниот радиолог доктор Александар Ѓорески за 24 инфо вели дека од секојдневие кое го работеле од нивната област биле приморани интервенциите да ги одложуваат.
Така малку по малку се она што секојдневно работевме од нашата област како што се периферните ендоваскуларни интервенции, каротидните интервенции, третмани на миоми на матката замреа, односно како неургентни процедури овие пациенти бевме приморани и сеуште сме делумно приморани да ги одложуваме.
24 инфо: Каква е ситуацијата со пациентите со малигни заболувања кои имаат потреба од третман во вашата болница на одделот за интервентна радиологија?
На одделот за интервентна радиологија во нашата болница се изведуваат голем број на минимално инвазивни дијагностички и тераписки процедури кај онколошки пациенти и за најголем дел од нив ние сме единствен центар во држaвата( ваквите интервенции ги нема ни во приватните болници) !!! Почнувајки од поедноставните: секакви видови на биопсии, дренажи, преку поставување на централни венски катетри и портови за хемотерапија се до најсофистицираните методи како интраартериска апликација на хемотерапевтици во тумори пред се на црниот дроб, потоа радиофреквентна и микробранова аблација на различни видови на тумори на црн дроб, бели дробови, лимфни јазли и уште ред други интервентни постапки.
Мора да бидеме реални и да кажеме дека пациентите со карциноми се една исклучително вулнерабилна категорија на луѓе кај кои навремените прегледи, консултации, интервенции, операции како и апликација на хемо и зрачна терапија апсолутно несмеат да доцнат воопшто бидејќи може да настане прогресија на заболувањето и потоа да нема назад.
Уште од самиот почеток на пандемијата јас и тимот за интервентна радиологија и онкологија во 8ми Септември зазедовме став дека ќе се трудиме максимално да ги згрижиме сите пациенти со малигни болести кои имаат потреба од некоја инвазивна дијагностичка или терапевтска процедура и мислам дека досега успеваме во тоа. Морам да го изразам своето задоволство и јавно да кажам дека ми е чест што работам со тим од лекари, медицински сестри и технолози кои безрезервно се ставија во служба на здравјето посебно на малигните болни во изминаиот тежок период. Одговорно тврдам дека кај сите пацеинти кај кој имало потреба од медицинска постапка од областа на интервентната онкологија истата е извршена на време, односно без да се дозволи прогресија на болеста.
Текстот во велост на: 24 инфо