Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Др. Ненад Лазаров до родителите: Напрајте им по некој тест на урина, не се пие толку алкохол "на голо", премногу пари им давате очигледно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
lazarov

Докторот Ненад Лазаров од Асоцијаци на млади лекари во периодов е доста активен на социјалните мрежи по повод ситуацијата со корона вирусот. Тој денеска на социјалната мрежа фејсбук напиша:

-И ја утре треба да влезам во скафандер и на 35°c да прегледувам "прехладени" тинејџери што биле на викенд во Охрид, а што ќе ми ги носат загрижени мајки заради 37.1 температура?

И да, ќе има има реконвалесценти од акутни алкохолни интоксикации а не стомачни вируси и тровања со храна, без блефирање.

— реклама —

Не се прехладени "децата", "пресисани" се!

— реклама —

Каков примитивизам видов од млади луѓе, само нагони ги водат, со чесни исклучоци...

Напрајте и по некој тест на урина, не се пие толку алкохол "на голо", премногу пари им давате очигледно.

— реклама —

Bad parenting викаат Енглезите, си ги гледате ли како ви се облечени децата воопшто, ако ништо друго?

После ви е крива инспекција, полиција, здравство, сѐ ви е криво за вашиот личен неуспех ко родители, зошто така е полесно!

— реклама —

Па и ја што сум бил у таверна со жена и дете ќе ви бидам крив, само вие не!

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања