Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест, напиша во својата објава на ФБ.
Иако повлекувањето е поврзано со зачувување на достоинството и интегритетот сепак не може а да не спомнам тоа што последно се случуваше и ќе остане горчината дека и преку теоретската анализа на 40 страници образложена и преку практичното проверување на истата, сме покажал и практично потврдиле дека во иднина со решението кое толку е коментирано во јавноста, секој втор живот кој ќе згасне на патиштата може и има како да биде спасен и со тоа да се тргнеме од листата на ниско развиени земји со околу 80 жртви помалку годишно, може да ја искористиме “асфалтната чума ” која е главна причина за смрт кај децата, може секој трети повреден да нема никаква болка и на крај небитното, да има околу 100 милиони евра годишно помалку материјална штета, пишува Рашковски во образложението на оставката.

