Драма кај пејачката Милица Тодоровиќ: Мажот со кој има дете е 19 години во брак, се огласи неговата сопруга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Магазин
milica-todorovic-123974

Пејачката Милица Тодоровиќ на свет донесе син на кого му го даде името Богдан. Во медиумите денеска се појавија првите фотографии од таткото на детето, кого Милица досега го криела од јавноста. Според информациите, станува збор за маж кој веќе е во брак и има две деца, а неговата сопруга Л. М. се огласи за медиумите, пренесе Блиц.рс.

— реклама —

Таа истакна дека моментално преживува голем стрес и дека имала разговор со пејачката.

— реклама —

„Ние сме во брак 19 години и имаме два сина. Пред еден месец тој ми соопшти дека очекува дете со Милица. Бев во шок, веднаш ја побарав Милица, ја сретнав пред нејзината зграда, ме повика горе во стан да разговараме. Таму беше мојот сопруг. Со неа разговарав убаво, со него не. Не знам што и кажал и што таа планирала. Имавме нормален брак... Многу е страшно“, изјави Л.М.

— реклама —

Таа додаде дека семејството преживува тежок период, но дека Милица и таа разговарале цивилизирано.

„Моите деца и јас преживуваме пекол. Јас и Милица разговаравме убаво, таа ми рече дека се во врска веќе една година и дека чека да се разведеме. Тој ми рече дека не сака да го напушти семејството, не знам што ѝ кажал на неа. Милица само сака да се разведеме и тој да биде со нив. Не ме праша за нашите деца, тоа не ѝ е важно. Најважно ѝ е каков е нашиот однос и дали сме во брак, како функционираме, за моите деца не ме праша, тоа не ја интересира. Таа повеќе не ме контактираше, јас не ја нападнав, дури ја заштитив...“ – порача таа.

Според информациите, Милица Тодоровиќ роди здраво машко дете, а мајката и бебето се чувствуваат добро.

Пејачката претходно изјавила дека нејзината врска со славниот актер била најголема лична грешка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqeuvldu7vek08E87nGi

Се породи пејачката Милица Тодоровиќ

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања