Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Драма на Шар Планина: На едно лице му се слошило, следувала спасувачка акција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library0lq553gkehpj9O96O4H

Тројца планинари беа успешно евакуирани од непристапен терен на Шар Планина, откако на едно од лицата ненадејно му се влошила здравствената состојба за време на планинарењето, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според информациите, на 11 јули во 18:46 часот, А.Ч. (38) од село Жеровјане побарал помош за себе и уште две лица – Н.М. од село Слатино и Б.А. од село Глоѓи. Тие со возило пристигнале до местото „Три води“ во атарот на село Теарце, а потоа пешки се упатиле кон Шар Планина.

— реклама —

За време на движењето, на А.Ч. одеднаш му се влошила здравствената состојба, при што почувствувал болки во градите и отежнато дишење.

По пријавата веднаш биле известени Полициското одделение Теарце и Територијалната противпожарна единица од село Лешок. Н.М. и Б.А. успеале да го симнат А.Ч. до местото „Бачило“, каде што ги пречекала спасувачката екипа.

— реклама —

Групата заедно со спасувачите пешки се спуштила до нивното возило, а во 20:40 часот кај местото „Три води“ биле преземени од полициски службеници. Потоа безбедно биле спроведени до регионалниот пат кај село Лешок, каде што ги чекала екипа на Итната медицинска помош.

— реклама —

А.Ч. по полноќ, во 00:55 часот на 12 јули, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytu6uoo4foi7a21ovh50

Со возила им го попречиле патот, па физички нападнале двајца млади гостиварци

Македонија | пред 56 минути

— реклама —
media-libraryp3bghas3id1m27JjmVF

Тешко повреден 31-годишен пешак откако во него удрил автомобил во Тетово

Македонија | пред 57 минути

media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

Напад врз малолетник во гостиварско, настанот бил снимен со мобилен телефон и објавен на социјалните мрежи

Македонија | пред 1 час

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Три лица нападнале 23-годишник во Ѓорче Петров, еден пукал со пиштол кон него

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања