Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Драма пред снимањето на „Барби 2“: Марго Роби и Рајан Гослинг станаа прескапи?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Магазин
media-library564pcgge2tt3cPAuuaB
screenshot youtube

Студиото „Ворнер Брос“ сака да сними продолжение на филмот „Барби“, но преговорите со главните ѕвезди сè уште не се завршени, поради што проектот е ставен под знак прашалник.

Според британскиот „Гардијан“, извршниот директор на студиото, Дејвид Заслав, засега не е подготвен да ги одобри договорите што би им овозможиле на Марго Роби и Рајан Гослинг удел во заработката од филмот.

— реклама —

Се наведува дека Гослинг, кој за улогата на Кен беше номиниран за Оскар, бара хонорар од 20 милиони долари. Од „Ворнер Брос“, пак, тврдат дека никогаш не бил постигнат конечен договор за таков модел на соработка.

Режисерката Грета Гервиг и нејзиниот сопруг и косценарист, Ноа Баумбах, наводно, веќе имаат идеја за продолжението, но не сакаат да ја претстават пред студиото сè додека не завршат преговорите.

— реклама —

Студиото се обидува да постигне договор пред декември, кога правата за франшизата повторно ќе преминат кај компанијата „Мател“. Доколку тоа не се случи, „Мател“ би можел да започне нов проект со поинаков режисер, нова актерска екипа и нов концепт.

— реклама —

Филмот „Барби“, кој беше објавен во јули 2023 година, заработи повеќе од 1,4 милијарди долари на светско ниво и стана еден од најголемите филмски хитови во последните години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања