Драма се одвивала вчера: ЕБР апсела полицајци затекнати како прават журка, а одбивале да бидат приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
policija-ohrid

Група полицајци синоќа биле приведени во кратовското село Куклица, откако биле затекнати како прават забава со гласна музика и викање, дознава „А1он“. Полицајците ги пријавиле жители на селото на кои им пречела бучавата, и кои биле револтирани што постојано се повторува дека МВР нема кадар за да се спреведуваат мерките против коронавирусот, а од друга страна ги кршат мерките и прават журки. Станува збор за седум припадници на МВР, кои наместо да ја спроведуваат, со нивното однесување ја прекршиле забраната за собирање и групирање.

— реклама —

Според извори на „А1он“, на забавата имало околу 15 лица. Полицајците и цивилните лица присутни на забавата давале отпор при обид за нивно приведување, по што, била ангажирана и Единицата за брзо распоредување. Тие со лисици биле однесени во надлежната полициска станица. За случајот е известено и Обвинителството, кое сега, ќе треба да постапи да бара казна за непочитувањето на мерките.

фото: Илустрација

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања