Драма во Буњаковец, луѓе се спасуваа преку балкони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Скопските пожарникари минатата ноќ со големи маки, качувајќи се преку балкони на начичканите згради во Буњаковец, успеаја да спасат луѓе откако избувна пожар во стан на улицата „Христо Смирненски“, пишува Мета.

— реклама —

Станарите на зградата која се наоѓа во тесните улички меѓу некогашната фабрика „Треска“ и Универзалната сала, студената ноќ ја минаа на улица. Велат дека огнот избувнал околу три часот по полноќ.

— реклама —

Жители од зградата за Мета велат дека сосема случајно била избегната поголема катастрофа со жртви, благодарение на еден од соседите. Тој случајно бил буден и веднаш штом го почуствувал чадот, ги повикал пожарникарите и почнал да ги буди другите станари, одејќи од врата до врата.

— реклама —

Според очевидците, отровниот чад од станот на вториот кат кој се запалил, брзо се пробивал кон погорните спратови, а доколку огнот го зафател балконот, пожарот можел лесно да се прошири и на соседната зграда, која е „залепена“.

Во пожарот нема повредени, а материјалната штета првично се проценува на неколку илјади евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања