Драма во градинка во Прилеп: Вработена физички нападната од сопруг на колешка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
policija-2-1

На 18.10.2018 година во 17,30 часот во полициската станица Прилеп Г.Н.(53) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 12,30 часот во детска градинка на улицата ,,Марксова“ од страна на лицето В.И.(41) бил физички нападнат.

— реклама —

Истиот ден, околу 18,15 часот во Полициската станица Прилеп В.И.(41) од Прилеп пријавила дека околу 12,15 часот во детската градинка каде била вработена, додека вршела распределба на храната дошло до расправија со Б.Н.(47), која исто така била вработена во градинката, при што била навредувана со погрдни зборови.

— реклама —

По кратко време, во градинката дошол сопругот на Б.Н., Г.Н. и почнал расправија со В.И., и во еден момент физички ја нападнал.

— реклама —

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања